Денеска последен ден за купување на блок билети за Лигата на Европа
Објавено на 10/09/2017 | Мак Фудбал, ФУДБАЛ

Екипата на Вардар соопштува дека денеска е последен ден за купување на блок билети за домашните натпревари на Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.

Од утре, понеделник, влезниците ќе се продаваат за индивидуалните натпревари, односно од утре веќе нема да може да се купуваат блок влезници. Продажбата на посебни билети за натпреварот Вардар – Зенит ќе се продаваат до четврток 20:05 часот, односно на еден час пред почетокот на натпреварот.

Инаку цените на билетите зависат од позицијата односно блокот. Така за блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, блок билет за сите три натпревари ќе изнесува 1.400 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 600 МКД. За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, цената за билетите за сите три натпревари ќе изнесува 2.200 МКД, додека единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД. За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, блок билет за трите мечеви ќе изнесува 3.000 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.

Тагови