Денеска започнува фудбалскиот турнир за мажи во Рио 2016
Објавено на 04/08/2016 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

Со натпреварот помеѓу репрезентациите на Ирак и Данска денеска од 18 часот започнува фудбалскиот турнир во машка конкуренција во рамките на Олимписките игри во Рио. Домаќинот Бразил од 21 часот ќе ја пречека репрезентацијата на Јужна Африка, а најинтересно се очекува да биде на натпреварот помеѓу Португалија и Аргентина кој започнува од 23 часот.

Традиционално, на Олимпискиот турнир во фудбал репрезентациите се составени од играчи до 23 година, а селекторите имаат право да селектираат максимум три фудбалери над оваа возрасна граница. Токму и поради тоа ќе отсуствуваат бројни ѕвезди, а како најзвучно име што ќе настапи на оваа Олимпијада е Нејмар.

Четврток
18:00 Ирак – Данска
20:00 Хондурас – Алжир
21:00 Бразил – Јужна Африка
22:00 Мексико – Германија
23:00 Португалија – Аргентина

Петок
00:00 Шведска – Колумбија
01:00 Фиџи – Јужна Кореа
03:00 Нигерија – Јапонија

 

ГРУПА А
Бразил
Данска
Ирак
Јужна Африка

ГРУПА Б
Шведска
Колумбија
Нигерија
Јапонија

ГРУПА Ц
Германија
Мексико
Јужна Кореја
Фиџи

ГРУПА Д
Португалија
Аргентина
Хондурас
Алжир

Тагови