Објавено на 15/10/2017 |
МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ
Денешното миланско дерби меѓу Интер и Милан од 8-миот круг на Серија А ќе донесе рекордни приходи на официјалниот домаќин на дуелот.
Интер се пофали со 4,8 милиони долари од продажбата на 82.995 места на Џузепе Меаца, што е рекорд за италијанскиот фудбал. Така, традицијата на дербито во Милано продолжи да генерира рекордни приходи.
Во априлското издание Интер повторно оствари тогашни рекордни приходи од 4.204 милиони евра, а дуелот заврши 2:2.
Пола од овие продадени карти се на навивачите на Милан.