Џошуа: “Ако не бев боксер ќе бев фудбалер”
Објавено на 02/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО

Светскиот шампион во тешка категорија на Светската боксерска асоцијација и Меѓународната боксерска федерација Ентони Џошуа откри дека планира да боксува на највисоко ниво кај професионалците уште долго.

“Сакам да се борам уште 10-12 години, најверојатно ќе боксувам и кога сум горе-долу на возраста на Кличко, зависи само од мене – ако се грижам за себе. Сè ќе каже времето. Јас секогаш сум велел дека имам малку талент и огромна одлучност, па сигурно има уште што да видите од мене. Знам дека не сум при најголемите во боксот, но сакам да сум таму. Ако не бев боксер, сигурно ќе бев фудбалер. Јас ви велам дека и сега имам доста вештини со топката. Како мал се заљубив во играта на Арсенал – Анри и Бергкамп беа феноменални “, објасни Џошуа.

Во моментов Џошуа се подготвува за судирот со бугаринот Кобрат Пулев.

Тагови