Дибиров му поклони бод на Сегед, Лазаров прокоцка плус пет против Ристовски, Taлевски одличен во новата победа на Рајн Некар
Објавено на 08/10/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Пик Сегед успеа да го запре европскиот шампион, Вардар. Во вжештената атмосфера во салата во Унгарија, имаше жестока борба од првата до последната минута, а на крајот немаше победник – 26:26 (14:13). Најголем виновник за тоа е Тимур Дибиров кој шутираше далеку над голот во последниот напад за Вардар, иако беше на метро пред противничкиот голманот. Најефикасен во нашиот тим беше Вуко Борозан со 8 гола, а Лука Циндриќ постигна 7, додека Иван Чупиќ 3, а Хорхе Македа и Џанис Кристопанс завршија со по 2, само еден постигна несреќниот Тимур Дибиров 1, исто како и Јоан Кањелас, Дани Шишкарев и Фереира Мораеш. Кај Сегед Бунтиќ заврши со 5, а Скубе со 4, додека Габер и Калман со 3.

Нант на нашиот Кирил Лазаров го диктираше темпото во неговиот поранешен клуб Барселона кај Борко Ристовски, и водеше со плус 5 во вториот дел, но во последните 20 минути домаќинот се препороди во “Блауграна” и славеше уште една рутинска победа – 31:25. Ристовски не влезе во игра, а Жалуз и Шипжак беа нејпрецизни со по 6 гола. Кај Нант нашиот Лазаров запиша 4 гола, исто како и Турне, а најпрецизни со по 5 гола беа Фалувеги и Лагард.

Кристианштад падна пред своите 5.000 навивачи во Шведска – 35:22. Тимот на нашиот Филип Талевски Рајн Некар Левен е во фантастична форма. Толбринг заврши со 7 гола кај победникот, а Шмит со 6, додека по 5 дадоа Близнак, Сигурдсон, Рајнкинд и Радивојевиќ, а 4 нашиот Филип Талевски. Кај швеѓаните Гудмундсон беше најпрецизен со 6 гола.

 

 

Тагови