Довициозо го изненади Маркез во Јапонија
Објавено на 15/10/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Пилотот на Дукати Андреа Довициозо најдобро се снајде на влажната патека “Мотеги” и го запре бранителот на титулата во MотоГП Марк Маркес и триумфираше во Јапонија – првата од трите последователни натпревари во Азија и Австралија. Двајцата ја разменија лидерската позиција меѓусебно повеќепати во текот на трката, но во последниот сектор на патеката секунди пред карираното знаме италијанецот даде сè од себе и не ја изгуби концентрација и за момент, и благодарение на тоа веќе се најде на само 11 поени зад Маркез во генералниот пласман со пет победи во сезоната, а битката за титулата стана уште поинтересна.

Третиот главен кандидат за титулата до неодамна – пилотот на Јамаха Маверик Виналес – напредуваше од 14-тата позиција, од која започна, до осмата и за поголемиот дел од трката остана на неа, како на крајот заврши деветти. Клубскиот колега – Валентино Роси пак се урна уште во почетните фази на трката, додека го држеше седмото место. Инцидентот беше повторно на кривина број 8, каде вчера го доживеа првото паѓање по кршењето на ногата. Докторот мина без повреда овој пат.

Еве го конечниот пласман на денешната трка:

Топ 5 во MотоГП во Генералниот пласман на 3 круга пред крајот на сезоната:

1. Марк Маркес (Хонда) – 244 поени
2. Андреа Довициозо (Дукати) – 233 поени
3. Маверик Виналес (Јамаха) – 203 поени
4. Дани Педроса (Хонда) – 170 бода.
5. Валентино Роси (Јамаха) – 168 бода.

 

Тагови