Драган Раца е новиот селектор на Македонија
Објавено на 14/04/2016 | КОШАРКА

Кошаркарската репрезентација на Македонија доби нов селектор. 55 годишниот Драган Раца ќе ја предводи нашата најдобра кошаркарска репрезентација и ќе го наследи празното селекторско столче на кое претходно седеше Марјан Србиновски.

Драган Раца е роден во Босанско Грахово, Босна и Херцеговина и најголем дел од својата професионална кариера ја има поминато во Кипар, Либан и Кина. За време на својата играчка кариера три пати бил најдобар стрелец во Југословенската лига и четири пати најдобрар кошаркар во Кипар. Како тренер ги има предводено тимовите на АЕЛ (Кипар), Ираклис и Олимпијат Патра (Грција), Сагезе (Либан), Чонгџин и Гуангжу (Кина).

Првата мисија на Раца е пласман на Евробаскетот во Турција кој се игра следната година, а за потсетување Македонија се наоѓа во Г квалификационата група заедно со репрезентациите на Унгарија, Велика Британија и Луксембург.

Тагови