Дресовите на Германија, Италија и Шпанија со знамето на ЕУ?

Весниците како што е Дејли Меил пишуваат дека наскоро знамето на Европската Унија покрај тоа што ќе се вее на спортските збиднувања каде што ќе настапуваат репрезентации на земјите членки на Европската Унија ќе зазеде место и на дресовите. Оваа вест произлегува од документ напишат од страна на Комитетот за култура и образование при Европската Унија, а покрај од Дејли Меил веста беше пренесена и од другите весници ширум Европа.

Критичарите сметаат дека оваа одлука произлегува по излегувањето на Велика Британија од ЕУ како и растечкиот ЕУ скептицизам кој од дена на ден се повеќе и повеќе расте. Со оваа одлука официјалните лица на ЕУ сметаат дека граѓаните на земјите членки на Европската Унија ќе се зголеми чувството на идентитет и приврзаност кон ЕУ.

Сепак се чини дека последниот збор за ова ќе го имаат националните спортски асоцијации кои може да издејствуваат промена на одлуката на овој комитет.

Тагови