Ксавиер Темс го напушти МЗТ Скопје, и покрај фактот дека тој потпиша двегодишен договор, и дури на крајот на својата прва сезона, изрази желба да ја напушти Македонија.
Тој замина во Израел, и од денес е нов член на екипата на Бнеи Херцла.
Американскиот плејмејкер Ерик Гарсија е нов играч на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје. 20 годишниот кошаркар до неодамна беше член на Универзитетот Вофорд во NCAA лигата, и за него ова е прво искуство во НБА.
За Универзитетот играше четири години, и одигра 128 натпревари, од кои 119 беше стартер, а запиша во просек од 9,8 поени, 4,2 асистенции и 2,3 скока по натпревар.
Во редовите на аеродромци ова лето дојдоа и Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ Михајло Митев и Ранко Мамузиќ, додека договорите претходно ги обновија и Марко Симоновски и Адем Мекиќ.