Еден од најголемите литвански кошаркари приморан да стави крај на кариерата
Објавено на 16/09/2016 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Kариерата на Линас Клејза е под знам прашалник. Литванецот нема играно во официјален натпревар од сезоната 2014/2015 година, а сега претрпе втора операција на коленото. Токму тоа е причината поради која тој не е сигурен за евентуалното враќање на теренот.

Последниот тим на 203-сантиметри високото крило беше Емпорио Армани Милано. Клејза може да се пофали со 409 натпревари во НБА, каде изгради име за време на престојот во Денвер, а потоа играше и за Торонто. Во Европа настапуваше и во Олимпијакос и Фенербахче.

31-годишниот играч е долгогодишен репрезентативец на својата татковина и има бронза од од СП 2010, медал со иста боја од Еуробаскет 2007, како и сребро од Еуробаскет 2013.

Тагови