Една недела до Дакар 2016
Објавено на 25/12/2015 | АВТО МОТО

Уште една недела до почетокот на 37то издание на релито Дакар 2016. И оваа година како и претходните 7 релито ќе се одржува на Јужноамериканскиот континент, а оваа година за разлика од претходните ќе се вози само во Аргентина и Боливија. Оваа година ќе учествуваат вкупно 354 учесници, од кој најголем дел ќе се натпреваруваат во категоријата на крос-мотори додека пак 110 од натпреварувачите ќе бидат во категоријата на автомобили. Преостанатите учесници ќе се натпреваруваат во категоријата на квадови и камиони.

Овогодинешното рели ќе се вози во 14 етапи, а првата етапа се вози следната сабота од Буенос Аирес до Виља Карлос Паз Релито. Релито завршува на 16 јануари со етапата Виља Карлос Паз – Розарио.

И оваа година, дел од ова рели ќе бидат: Стефан Петерхансел, Себастијан Лоеб, Карло Сајнц, Кирил Деспре, Насер Ал Атија, Нани Рома, Рубен Фарија, Жерал де Рој и др.

Тагови