Ексклузивно: Формула 1 и во Македонија!
Објавено на 26/03/2018 | АВТО МОТО

Откако ги изгубивме сите надежи дека ќе гледаме Формула 1 на некоја од телевизиите со одлична вест не израдува Телевизија 24. Имено од оваа телевизија на својот интернет сајт информираат дека во последен момент успеале да се договорат и да ги откупат правата за емитување на овогодинешната сезона од Формула 1 на нивниот сајт.

Во минатото ТВ преноси од најпопуларниот автомото спорт во Македонија емитуваа МРТВ, Канал 5, Алфа и мрежата на Спорт Клуб. Сепак оваа сезона беше јасно дека МРТВ нема да емитува трки од Формула 1, а регионалната телевизиска мрежа Спорт Клуб ги откупи правата само за емитување на територијата на Србија. По ова, се појави големо незадоволство кај љубителите на Формула 1 шампионатот по што се појави и онлајн петиција. Така, наместо МРТВ да излезе во пресрет како национална телевизија, желбите на сите љубители на авто-мото спортовите ги исполни Телевизија 24.

Голема благодареност до Телевизија 24!

Тагови