ЕКСЛУЗИВНО – Христиан: Во овие услови задоволен сум со постигнатото !
Објавено на 02/12/2014 | Slider, АВТО МОТО, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАЗНО

Христиан Илиоски в четврток треба да замине во соседна Србија во Белград каде треба да го добие пехарот за освоениот пласман во мото-крос,  во југо-источната категорија. Христиан кој веќе долго време нема конкуренција во Македонија, а тоа сега го наметнува и на меѓународната сцена, екслузивно за ТИП вели дека за него ова била успешна сезона, но немањето услови и немањето финансиска поддршка не му дозволуваат неговите успеси да бидат уште поголеми.

Во класата MX1 Христиан го освои второто место како репрезентативец на македонската мото-крос репрезентација, а ги извози сите трки во Македонија, Турција, Грција, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, додека трката во Молдавија не се одржа.

kiko11

,,На 06.12. пред завршувањето на сезоната 2014, како и секоја година така и оваа е официјалното прогласување за источно-европскио шампионат во мотоспорт, кое ќе се одржи во Белград, Србија. За мене  оваа беше успешна сезона, земајќи ѓи сите околности со моите услови, кои беа без сериозни припреми без помош на македоската мото федерација, надевајќи се дека со постигнатите резултати ке наидам на поддршка и поткрепа, но тоа не се случи и ова сега веќе измината сезона. Едиствено во два наврати ми помогна општината Битола, како и секогаш целиот труд и терет со голема мака го издржав сам. Јас знам и сум сигурен дека можев многу повејќе и подобро, но тоа зависи од многу други фактори, кои треба да бидат и реално да помогнат за да ми се создадат подобри услови за развој и работа. Заминувам во Белград, да си го земам тоа што е круна на она што сум го сработил во 2014 година. После враќањето повторно ќе се обидам до сите кои сметам дека треба да помогаат на врвните спортисти како мене да ми помогнат и наредната сезона да имам сериозни припреми и да стартувам со добра техника. На крај се надевам дека за еден успешен спортист како мене, под ова ,,македонско сонце” ќе се создадат едни нормални услови, за уште поголеми успеси, како за мене така и за Македонија”- за ТИП ни изјави Христиан Илиоски.

Тагови