Екстра голман е метата на ПСЖ за летниот трансфер период
Објавено на 17/04/2018 | Slider, ФУДБАЛ

По рекордните трансфери на Нејмар и Килиан Мбапе во нападот, екипата на ПСЖ реши примарен таргет да биде ангажман на екстра голман во текот на летото.

Веќе подолг период доминираат во францускиот шампионат, и оваа година ја осигураа титулата, но апетитите на арапските газди се поголеми, а тоа е титула во Лигата на шампионите. Сепак, и покрај големите вложувања, видовме дека сеуште се далеку од рангот на светските гиганти како Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Јувентус… Со цел, ПСЖ да направи конкурентен тим во Лигата на шампионите, раководството на клубот веќе почна да крои планови за наредната сезона. Ангажманот на Томас Тухел за нов тренер е пред официјализација, а „светците“ веќе ја почнаа и потрагата по засилувања, посочувајќи ја голманската позиција како свој приоритет за почетокот на летово.

Како што јавува весникот „Л’Екип“, директорот Антеро Енрике имал две средби со агентот на Тибо Куртоа, но кај ПСЖ нема оптимизам дека овој трансфер би можел да се реализира, пред се поради желбата на Белгиецот ако се случи да си замине од Челси, тоа да биде во Реал Мадрид (неговото семејство остана да живее во Мадрид и по заминувањето на Куртоа од Атлетико).

Супер-агентот Мино Раиола веќе во неколку наврати го понудил Џанлуиџи Донарума, за кого се очекува летово да си замине од редовите на Милан. Тој ќе биде достапен за сума од 50 милиони евра што наполно им одговара на „светците“, но постои сомнеж дали Донарума ќе може да созрее во голман од светска класа каков што реално не е во моментов, а каков што ПСЖ сака да има на својот гол во годините што следат.

Јан Облак веќе извесно време се поврзува со преселба на „Паркот на принцовите“, неговата отштетна клаузула изнесува 100 милиони евра, па тоа е сумата што францускиот првак ќе треба да ја плати ако сака да го доведе голманот на Атлетико Мадрид во своите редови.

Тагови