Ентони Дејвис влезе во историјата на НБА
Објавено на 22/02/2016 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Њу Орлеанс Пеликанс победија и во осмиот последователен натпревар против Детроит  (111: 106). Ентони Дејвис беше играчот за кој не само САД и Канада, туку цел кошаркарски свет зборуваше по натпреварот, кој влезе во историјата, откако реализираше 59 поени и забележа 20 скока. За домаќините од Детроит Реџи Џексон постигна 34 поени, Харис  16, а Колдвел-Поуп заврши со 14 поени.

Младиот Дејвис е првиот играч по Шекил О’Нил, со ваква статистика. Популарниот “Шек” запиша 61 поен и 23 скока за ЛА Лејкерс против градскиот ривал Клиперс.

Во останатите натпревари

Оклахома Сити – Кливленд – 92:115

Денвер – Бостон – 101:121

Феникс – Сан Антонио – 111:118

Бруклин – Шарлот – 96:104

Орландо – Индијана – 102:105

Торонто – Мемфис – 98:85

Далас – Филаделфија – 129:103

Чикаго – ЛА Лејкерс – 126:115

Портланд – Јута – 115:111

Лидери во дивизија:

Источна конференција

Атлантска: Торонто 36/18

Централна: Кливленд  40/14

Југоисточна: Мајами 31/24

Западна конференција

Северозападна: Оклахома Сити 40/16,

Пацифик: Голден Стејт 49/5,

Југозападна: Сан Антонио 47/9.

Тагови