ЕП У21: Југославија прв шампион, Италија најтрофејна репрезентација

Во пресрет на Европското првенство за фудбалери до 21 година време е за малку историја. Интересно, но ние како дел од Југославија сме првите победници на ова натпреварување. Така во 1978 година победувајќи ја Западна Германија, Југославија стана првиот победник на овој турнир. Веќе следната година со Англија го подели третото место, а во 1990 година во финалниот натпревар загуби од Советскиот Сојуз.

Италија со пет злата е најуспешанта репрезентација на Европските првенства до 21 година. Првото злато Италијанците го освоија 1992 година, а 12 години подоцна и последното. Покрај пет злата, Италија има освоено и две сребра и тоа во 1986 година и 2013 година.

По Италија, со четири златни медали следи репрезентацијата на Шпанија, а со по две злата следат репрезентациите на СССР, Англија и Холандија.

 

Тагови