Еве како до билет за натпреварот Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид
Објавено на 13/06/2017 | Меѓународен Фудбал, ФУДБАЛ

8ми август е денот кога Скопје ќе биде центарот на светот. Два гиганти предводени од Кристијано Роналдо и Пол Погба ќе ги кршат копјата на Телеком Арената за не помалку значајната титула во Супер Купот на УЕФА. По тој повод денеска УЕФА, но и ФФМ излегоа со повеќе детали околу продажбата на билетите за натпреварот.

Како што и од претходно беше познато продажбата на билетите ќе биде исклучиво електронски и тоа само од сајтот на УЕФА, а достапни ќе бидат само 23000 билети. Првата фаза која трае до 4 јули се однесува на аплицирање за билетите, а по пат на лотарија ќе бидат познати и патниците на овој мега спектакл. Максималниот број на билети за кои може да се аплицира изнесува четири.

Во однос на цените, најевтините билети чинат 15 евра (Категорија 3), а доколку сакате да го следите натпреварот од централните позиции на Телеком Арената ќе мора да издвоите 50 евра (Категорија 1). Билетите за втората категорија чинат 30 евра.

Тагови