Еве кој ќе учествува во новата сезона на АБА лигата
Објавено на 18/06/2017 | Slider, КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Регионалната кошаркарска Јадранска – АБА лига ја најави листата на клубови кои ќе учествуваат во ова натпреварување во сезоната 2017/18.

Меѓу 12-те клубови од регионот, вклучувајќи ги и шесте национални шампиони, ќе биде и нашиот шампион МЗТ Скопје.

Србија ќе има четворица претставници – Црвена Ѕвезда, Партизан Мега Лекс и ФМП.

Од Хрватска ќе се натпреваруваат три клубови (Цедевита, Цибона и Задар), од Црна Гора, два (Морнар и Будуќност), а од Македонија (МЗТ Скопје) и Словенија (Олимпија Љубљана) ќе бидат само со по еден тим.

За разлика од мината сезона ќе ги нема само нашиот Карпош Соколи и словенечка Крка.

Насловот на АБА лигата следната сезона ќе го брани Црвена Ѕвезда.

Тагови