Еве кој клуб менува највеќе играчи во Топ 5 лигите

Италијанскиот клуб Џенова користел најмногу фудбалери во локалното првенство во петгодишен период од 2012-та до 2017.

Истражувањето е само за првенствата од топ 5 на ранглистата на УЕФА, а остава впечаток дека италијанските тимови како целина менуваат и најмногу фудбалери. Екипата на Џенова во овој период сменила 137 играчи.

Гранада е на второ место на оваа листа со 113 користени играчи. Следат Интер Милано (98), Фиорентина и Киево Верона со 96 фудбалери, Севиља (95), Аталанта (94) и Рома и англискиот Сандерленд со 92 користени играчи. Од гиганти ПСЖ, Реал Мадрид, Барселона и Арсенал се движат во рамките на 64-66 фудбалери за пет години.

На другата страна се германските гиганти Баерн Минхен и Борусија Менхенгладбах, како и шпанскиот Атлетик Билбао.

Тагови