Еве кој обезбеди виза за Русија, а кој допрва ќе се бори за тоа

23 учесници на светското првенство веќе се јасни следната година. За жал, Македонија повторно не се вклучи во најголемиот фудбалски форум. Сметката досега покажува дека во Русија ќе има барем две држави, кои никогаш досега не играле на Мундијал – Исланд и Панама. Против оваа позадина традиционални учесници на мундијалот како Холандија, САД и Камерун не успеаја да се квалификуваат, а четирикратниот светски шампион Италија ќе треба да помине низ бараж.

Од Европа ќе добиеме уште четири учесници, а бројката ќе достигне 32, кога ќе се одиграат и Плејофите Хондурас – Австралија и Нов Зеланд – Перу, како и преостанатите средби од африканската зона. Ждрепката за завршницата ќе се изврши на 1 декември оваа година во Москва.

По одигрувањето на последните натпревари од квалификациските групи “А”, “В” и “Х” во Европа станаа јасни сите осум селекции кои ќе учествуваат во баражот за пласман на Мундијалот 2018. Тоа се Швајцарија, Италија, Хрватска, Данска, Северна Ирска, Шведска, Ирска и Грција. Најголем губитник е Словачка, која исто така заврши на второто место во својата група, но заради лошите показатели во однос на другите 8 тима, отпаѓа од битката за пласман на Светското првенство.

Учесници на СП 2018 се:

Русија (домаќин)
Бразил
Иран
Јапонија
Мексико
Белгија
Јужна Кореја
Саудиска Арабија
Германија
Англија
Шпанија
Нигерија
Коста Рика
Полска
Египет
Исланд
Србија
Португалија
Франција
Уругвај
Аргентина
Колумбија
Панама

Ждрепката ќе се одржи на 17 октомври во Цирих. Селекциите ќе бидат поделени во две групи по 4 (поставени и непоставените) врз основа на ранглистата на ФИФА.

Првите натпревари ќе се на 9-11 ноември, а реваншите на 12-14 ноември. Победниците од 4-те двојки ќе се квалификува за завршницата во Русија.

Тагови