Еве со кои фудбалери Италија ќе ја пречека Македонија

Селекторот на италијанската реперзентација Џампиеро Вентура го одреди составот за претстојните последни два светски дуели од квалификациите против Македонија во Торино на 6-ти октомври и против Албанија во Тирана на 9-ти.

Два круга пред крајот на квалификациите Италија има 19 поени и заостанува со 2 од лидерот во групата Г Шпанија, од кој загуби катастрофално со 0:3 на 2-ри септември. Најверојатно е дека Италија ќе бара мундијал преку баражот.

Македонија е 5-та со 7 бода, два помалку од Израел, и 6 од Албанија.

Состав на Италија:

Голмани: Џанлуиџи Буфон (Јувентус), Џанлуиџи Донарума (Милан), Матија Перин (Џенова)

Одбрана: Давиде Астори (Фиорентина), Андреа Барѕали (Јувентус), Леонардо Бонучи (Милан), Џорџо Киелини (Јувентус), Данило Д’Амброзио (Интер), Матео Дармиан (Манчестер Јунајтед), Даниеле Ругани (Јувентус), Леонардо Спинацола (Аталанта), Давиде Запакоста (Челзи)

Среден ред: Даниеле де Роси (Рома), Марко Пароло (Лацио), Лоренцо Пелегрини (Рома), Марко Верати (ПСЖ), Федерико Бернардески (Јувентус), Антонио Кандрева (Интер), Стефан Ел Шараауи (Рома), Лоренцо Инсиње (Наполи), Симоне Верди (Болоња)

Напад: Андреа Белоти (Торино), Едер (Интер), Маноло Габиадини (Саутемптон), Чиро Имобиле (Лацио)

Тагови