Евертон го доведе најскапиот британски голман, дојде и капитенот на Ајакс

Евертон го финализираше трансферот на младинскиот репрезентативец на Англија Џордан Пикфорд. “Карамелите” ќе платат на Сандерленд 25 милиони фунти за 23-годишниот голман, и со различни бонуси износот може да стигне до 30 милиони. Ова го прави Пикфорд најскапиот британски голман на сите времиња. Пикфорд, пак потпиша за 5 години со тимот од “Гудисон Парк”.

Евертон потпиша и со капитенот на Ајакс Дејви Класен. 24-годишниот холандски репрезентативец беше купен за 27 милиони евра. Во последната сезона Класен постигна 9 гола во 33 натпревари во Ередивизие, а освен тоа се запиша и два пати и во Лига Европа, каде Ајакс стигна до финалето. Тој е дете на холандскиот гигант и дебитираше за првиот тим во 2011 година.

Тагови