Евертон со понуда за Арсен Венгер
Објавено на 05/03/2018 | ФУДБАЛ

Сопственикот на Евертон Фархад Мошири е подготвен да му понуди работа на Арсен Венгер ако Французинот го напушти Арсенал на крајот од сезоната.

 

Тимот на Венгер го допре дното, тие загубија од Брајтон во последното коло во Премиер лигата и на тој начин го забележаа четвртиот пораз во сите натпреварувања.

Како што стојат работите, Арсенал остана без шанси да се квалификува за Лигата на шампионите  втора сезона по ред.

Серија лоши игри, предолго лидер на клупата без резултат, оваа сезона досега предизвика најголем бес меѓу навивачите на лондонскиот клуб.

Натпреварите или дома, или настрана, не можат да поминат без тrанспарентот “Venger out”. Незадоволството е јасно.

“Мојата грижа е  Арсенал да победува, ќе се обидам да дадам се од себе додека сум тука”, изјави Венгер за англиските медиуми.

Но крајот на Венгеровата ера во Арсенал се приближува, според британските медиуми, и првиот човек на “карамелите” веќе подготвува предлог за Французинот.

Тој смета дека Арсен е вистинскиот избор за клубот од Мерсисајд. Иранскиот милијардер не е задоволен со Сем Алардајс и сака да го смени што е можно побрзо, а Венгер е прв на листата на желби.

Тагови