Евроголот на Роналдо во конкуренција за гол на годината (Видео)
Објавено на 04/04/2018 | Slider, ФУДБАЛ

Реал Мадрид на гостувањето во Торино против италијанскиот шампион Јувентус, забележа убедлива победа од 3-0, а како и многупати до сега во главна улога беше кој друг ако не нивниот убедливо најдобар играч, Кристијано Роналдо, кој постигна два погодоци.

Со овие два гола, тој стигна до бројката од 14 погодоци досега во елитното натпреварување, а посебно се издвојува вториот кој го постигна во второто полувреме, велемајсторски гол со ножички од повеќе од десет метри. Буфон воопшто не се ни помрдна, само немоќно ја проследи топката во својата мрежа.

Во продолжение погледнете го евроголот на Кристијано Роналдо кој сигурно ќе конкурира за најубав гол сезонава.

Тагови