Европскиот шампион уште еднаш подобар од Барселона
Објавено на 14/10/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Европскиот шампион Вардар не губи на домашен терен и оваа сезона, дури ниту од првиот фаворит за лидерското место во групата „А“ во Лигата на шампионите – Барселона. Шпанскиот гигант, уште еднаш падна пред вардарци пред полните трибини во СЦ „Јане Сандански“ и загуби со 27:24 (16:12).

Најдобар стрелец кај Вардар беше Вуко Борозан со шест гола, а Хорхе Македа постигна пет, додека Лука Циндриќ и тимур Дибиров дадоа по четири гола. Арпад Штербик запиша 14 интеревенции, а на спротивната страна Перез Де Варгас имаше 13, со што нашиот Борко Ристовски повторно не застана на голот. Валеро Ривера беше прв стрелец на мечот со осум погодоци.

По пет кола Вардар е прв во групата А со 9 бода, 8 има Рајн-Некар на второто место, Барселона е трета со 7.

Во наредното коло од ЕХФ Лигата на шампионите, во ноември Вардар гостува кај Кристијаншад во Шведска.

Тагови