Федерер е бесмртен – повторно број 1 тенисер во светот!
Објавено на 17/02/2018 | Slider, ТЕНИС

Роџер Федерер испиша историја тешко достижна за било кој друг тенисер, искачувајќи се повторно на првото место на АТП ранг листата. Федекс уште еднаш потврди дека е убедливо најдобриот тенисер на денешницата, уривајќи нов рекорд во “белиот” спорт, како највозрасниот играч кој со своите полни 36 години се искачи на врвот на АТП, надминувајќи уште еден тениски великан, Андре Агаси.

Федерер славеше во четвртфиналната пресметка во Ротерам над Робин Хасе со 2-1 во сетови и самиот пласман во полуфиналете значи и надминување на Рафаел Надал и искачување на првото место на АТП на новата ранг листа во понеделник.

 

Тагови