Федерер го освои Шангај за историја
Објавено на 15/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

За прв пат во својата кариера, Роџер Федерер постигна петта последователна победа над големиот противник Рафаел Надал и го освои финалето на тенискиот турнир од сериите “Мастерс” – 6:4, 6:3 за час и 13 минути игра во Шангај.

Серијата од 16 победи на Матадорот заврши на разочарувачки начин, бидејќи тој не можеше да го победи најголемиот ривал Федерер. Швајцарецот пак ја освои 94-та титула во кариерата (нерешено со Иван Лендл и заостанувајќи само од Џими Конорс, кој има 109), 27-ма од “Мастерс” и го намали заостатокот во директните судири со Надал на 15:23.

Титулата во Шангај е втора за Маестро по онаа во 2010 година (во финалето против Жил Симон), додека Надал остана без награда – ова е уште еден од ретките турнири кои левичарот од Манакор ги нема освоено.

Оваа година, Федерер ги освои сите четири натпревари против Надал, го продолжи своето лично достигнување од пет последователни победи и седум последователни сетови.

Тагови