Фенербахче со стројници го кандисува Ван Перси, ПСЖ го краде Стротман од Јунајтед
Објавено на 09/09/2014 | ФУДБАЛ

Турскиот весник „Хуриет“ пишува дека Фенербахче му дал задача на Дирк Кајт за време на репрезентативната пауза да го кандисува Ван Перси во следниот преоден рок да ја прифати нивната понуда.

Фенербахче, ќе испрати примамлвива понуда, но преговарачот Кајт треба да ја заврши целата работа, да го убеди неговиот добар пријател.

Фенер се надева и на тоа дека позицијата на  Ван Перси во Јунајтед може да биде загрозена од Фалкао.

„Имаме добар тим, но ни требаат уште 3-4 големи имиња кои ќе се обидеме да ги донесеме во јануари“, изјавува претседателот на Фенер, Азиз Јалдарам.

И ПСЖ се подготвува да му расипе план на Јунајтед, свтците од Париз имаат добар адут да ја убедат Рома кај нив да го продаде Стротман.

Парите не се проблем, Рома го има проценето на 40 милиони евра, а ПСЖ за да му расипе план на Јунајтед, на Рома покрај пари ќе и го понуди и младиот Сдриан Рабио кој пак му е желба на Руди Гарсиа да го има во Рим.

Тагови