Фенербахче незнае за пораз, Лаборал го победи Реал Мадрид
Објавено на 05/02/2016 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Фенербахче на нашиот поранешен репрезентативец Перо Антиќ незнае за пораз во Евролигата. Во турската пресметка Фенербахче славеше над Анадолу Ефес со 73-77. Антиќ не настапи на овој натпревар поради повреда, но затоа туа беа Богдановиќ и Удох кој постигнаа по 15 поени кај “Фенер”, а Махмутоглу заврши со 14. Кај Анадолу Ефес слична ситуација двајцата најпрецизни постигнаа по 15 поени, Шариќ и Осман. Ова беше шеста победа во шестиот натпревар за Фенербахче во втората фаза од Евролигата, додека Ефес има три победи и три порази во оваа фаза.

Куча Лаборал по Барселона сега го шокираше и Реал Мадрид (68-77). Каусер постигна 15 поени кај победникот, а Блазиќ додаде 13. Кај Реал Мадрид Родригез постигна 18 поени. По шестото коло Лаборал има четири победи, а Реал три победи.

Олимпијакос славеше во Атина со 89-77 против Химки. Неверојатен натпревар за Принтезис кој заврши со 30 поени, додека Хекет и Спанулис постигнаа 14. Кај русите Рајс постигна 14 поени, Агустин 13, Моља 12, а Драгиќ и Швед уфрлија по 11. По шестото коло Химки остана на четири победи, а Олимпијакос дега има три победи.

Цска Москва уште еднаш убедлива на гостување. Русите славеа во Литванија кај Жалгирис 59-94. Теодосиќ постигна 20 поени кај победникот, а Де Коло уфрли 19. Кај литванците Јанкунас највеќе се издвои со 16 поени. Ова беше четвртата победа за Цска по шест одиграни кола, додека Жалгирис остана со само една победа.

Тагови