ФЕНОМЕНАЛНО!
Објавено на 15/06/2016 | Slider, РАКОМЕТ

Феноменална вечер во ВИП Арената во Скопје. Нашите најдобри ракометари го направија, навидум невозможното и ги надокнадија оние шест негатива од Чешка и со победата од 34-27 обезбедија пласман на Светското Првенство кое следната година се игра во Франција.

Нашите ракометари од самиот почеток на натпреварот го имаа водството кое во одредени интервали беше и двоцифрено. Најефикасен ракометар на натпреварот беше Манасков со 11 голови, а нашиот капител Лазаров стрелаше шест пати. Миркуловски кој го одигра последниот натпревар во дресот на Македонија постигна шест голови. Сепак она што придонесе за големата победа не беше индивидуалниот учинок туку одличната тимска игра, проследена со дисциплина и храброст.

Покрај Македонија, на Светското Првенство кое ќе се игра од 11 до 29 јануари следната година се пласираа уште и репрезентациите на: Франција, Катар, Бахреин, Јапонија, Саудиска Арабија, Ангола, Египет, Тунис, Хрватска, Германија, Шпанија, Белорусија, Русија и Словенија.

 

Тагови