Ферари ги менува Фетел и Раиконен?
Објавено на 16/06/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Ферари не започнале да водат преговори со двајцата пилоти за продолжување на договорите за 2018 година, бидејќи се разочарани од своите пилоти, иако во оваа сезона Себастијан Фетел во моментов е лидер на табелата кај возачите, а тимот од Маранело е сепак втор кај конструкторите, и Мерцедес повторно е лидер.

Се шпекулира дека Кими Раиконен сигурно ќе го напушти тимот на крајот на сезоната, а најверојатно и Формула 1. Фетел би можел да продолжи во Мерцедес и да биде тимски колега со најголемиот конкурент Луис Хамилтон.

Замена за германецот и финецот од Ферари гледаат во шпанскиот ветеран Фернандо Алонсо и младиот сонародник на шпанецот Карлос Сајнц Јуниор.

Тагови