Ферари ја очекува титулата оваа сезона во Ф1
Објавено на 06/06/2017 | АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Од тимот на Ферари се одушевени од презентацијата на болидот за 2017 година SF70H. Според техничкиот директор на Скудерија Матија Биното болидите на Себастијан Фетел и Кими Раиконен ќе се силни на сите патеки од календарот.

“Сите гледате дека новиот SF70H покажува силни резултати од почетокот на сезоната. Тоа ќе продолжи и до финалето. Нашата основна задача при развојот на новиот автомобил беше токму тоа, да е силeн на сите патеки од шампионатот. Од тука натаму од клучно значење во борбата за титулата ќе биде да успееме да гi надградиmе постигнатите резултати и да go развиеме болидот во вистинската насока”, изјави италијанецот.

Фетел води на табелата кај пилотите со 25 поени пред вториот Луис Хамилтон од Мерцедес. Во редењето кај конструкторите Ферари е со 17 поени пред шампионите од Мерцедес.

Тагови