ФИБА донесе одлука без да се консултира со Евролигата
Објавено на 13/10/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

ФИБА ги промени деновите за светските квалификации во месеците ноември 2017 и февруари 2018 година, како натпреварите во споменатите “прозорци” ќе се играат во петок, а не во четврток, како што беше најавено првично. Светското првенство 2019 ќе се одржи во Кина, а системот за да се стигне до шампионатот е сосема нов за светот на кошарката.

Така од меѓународната федерација очекуваат од најавторитетното клупско натпреварување – Евролигата да направат компромис и да ги преместат дуелите во соодветни недели за вторник и среда, а не за четврток и петок, како што е години наназад во најелитното европско кошаркарско натпреварување.

Тагови