ФИФА и УЕФА му “претат” на Реал Мадрид со казна

ФИФА и УЕФА го предупредија Реал Мадрид дека клубот би можел да добие казна, доколку случајот на Русинот Денис Черишев заврши во обичен суд во Шпанија. Како што е веќе познато, Кралскиот клуб беше исфрлен од купот на кралот поради настапот на Русинот на тој натпревар, кој беше казнет поради жолти картони уште во дресот на Виљареал мината година.

Дисциплинската комисија, како и спортскиот арбитражен суд поради овој пропуст, донесоа одлука за исфрлање на Реал Мадрид од купот. Но Реал Мадрид не застанува тука и реши правдата да ја бара во Шпанското обвинителство.

Од Фифа и Уефа веќе потврдија дека не толерираат интервенција на државата во фудбалот, што значи дека тоа може да доведе до парична казна од 100 000 евра, како и суспензија од неколку години во ова натпреварување за Кралскиот клуб.

 

Тагови