Флорентино Перез останува во Реал Мадрид до 2021

Флорентино Перез ќе остане претседател на Реал Мадрид до 2021 година. Перес застана на чело на “кралевите” по втор пат, како тоа се случи во 2009 година. Реал ја освоија три пати Лигата на шампионите во последните четири сезони.

Секој кој сака да стане шеф на Реал Мадрид, треба да биде член на клубот барем од 20 години, а не од 10, како што беше старото правило. Претседателот на клубот треба да располага и со лична банкарска гаранција од најмалку 75 милиони евра.

За прв пат Флорентино Перес стана претседател на шпанскиот гигант во 2000 година. Тогаш тој победи на изборите со ветувањето да го привлече крилото Луис Фиго од големиот противник Барселона. Португалскиот репрезентативец премина кај “белите” за рекордни тогаш 62 милиони евра.

Малку подоцна Реал Мадрид си ги обезбеди услугите на Зинедин Зидан, Девид Бекам и Роналдо. Тројцата беа дел од проектот “Галактикос”.

Во 2009 година, Флорентино Перез ги купи Кака и Кристијано Роналдо со најскапи трансфери за тогаш.

Тагови