Французин ја освои првата титула на трева од АТП
Објавено на 18/06/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Французинот Лука Пуил го освои турнирот во тенис на трева во германскиот град Штутгарт со награден фонд 701 975 евра, откако го победи во финалето шпанецот Фелисијано Лопез со 4:6, 7:6 (5), 6:4 по малку повеќе од два часа игра.

Така тој веќе има титули на сите подлоги, откако претходно ги освои трофеите во Метц на цврсти терени во минатата сезона и во Будимпешта на црвено игралиште во крајот на април оваа година.

Лопез достигна до прво финале од август минатата година, но остана со пет титули во кариерата.

Тагови