Гаске ја освои 14-та титула во кариерата
Објавено на 23/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Французинот Ришар Гаске ја освои 14-та титула во кариерата, откако победи во финалето на турнирот во белгискиот град Антверпен со награден фонд 635.645 евра, против аргентинецот Диего Шварцман со 7:6(4), 6:1.

За Гаске ова беше втора титула во годината по онаа во Монпеље во февруари.

Тагови