Германија подобра од Австралија, судиите овој пат се обрукаа (ВИДЕО)

Светскиот шампион Германија го започна учеството на Купот на Конфедерации со тешка победа со 3:2 над Австралија во средба од групата “Б” во која се уште тимовите на Чиле и Камерун (2:0).

На стадионот во Сочи Германија водеше самоуверено со 3:1 во почетокот на второто полувреме, но во 56-тата минута со контроверзен гол на противникот се врати интригата што се задржа до самиот крај. Во посочениот гол од средбата Томи Јуриќ играше со рака, по што постигна погодокот. Поради овој контроверзен момент играта беше запрена и во акција влегоа судиите во собата, кои го гледа на посебни монитори. Откако вчера на неколку пати интервенираа со важни одлуки, овој пат тие проценија дека прекршување на правилата нема.

За Германците прецизни беа Стиндл, Дракслер и Горецка, додека првиот гол за австралијците го постигна Том Рогиќ.

 

Тагови