Ги победи фаворитите во Аба Лигата, па падна пред МЗТ
Објавено на 17/10/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Тимот кој ги совлад во претходните два круга на Аба Лигата Будуќност и Цедевита падна на домашен терен од нашиот МЗТ Скопје.

Последниот натпревар од четвртото коло на регионалната кошаркарска лига се одигра во Лакташи, каде македонскиот шампион МЗТ Скопје ги изненадени домаќините Игокеа.

Македонскиот претставник победи со резултат од 108:99 (27:20, 36:37, 16:22, 29:20) во еден многу ефикасен натпревар.

Кај МЗТ  најрасположен беше Дамјан Стојановски (23 поени), па Јордан Минчев (19 поени), придружени од Бојан Трајковски и Бејли со по 17 поени. Повторно, Дорел Рајт доминираше кај екипата на Игокеа со 29 поени.

Тагови