Гнабри не му верувал на Лев за повикот во репрезентацијата

Крилниот напаѓач Серж Гнабри, кој постигна хет-трик за Германија при победата над Сан Марино со 8:0 во квалификациите за СП 2018, помислил дека повикот во репрезентацијата на светските шампиони била шега.

“Тренерот на Германија (Јоаким Лев) ми се јави, а јас не верував дека е он. Имаше многу шеги за време на радио емисии и навистина не сакав да станувам жртва на ова”, изјави Гнабри.

21-годишното крило е сопственост на Арсенал, но “топџиите” го позајмија на Вердер и тој веќе има 4 гола од почетокот на сезоната во Бундеслигата.

Гнабри е првиот фудбалер со три гола во дебито за Четирикратниот светски шампиони по 40 години, за што може да прочитате ТУКА.

Тагови