Го избра европскиот шампион пред НБА
Објавено на 05/10/2017 | КОШАРКА, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Новиот кошаркар на Фенербахче, италијанецот Николо Мели, призна дека ги одбил понудите од тимовите на НБА за да му се приклучи на тимот на Жељко Обрадовиќ.

26-годишниот кошаркар му се придружува на својот сонародник Луиџи Датоме во сегашниот европски шампион, откако ја испрати својата најсилна година во Евролигата.

Со Брос Бамберг, 205-високиот кошаркар ја освои двојната круна во Германија, триумфираше со титулата и Купот на земјата.

Во 30 натпревари за германскиот тим на европските турнири тој импресионираше со 11,5 поени, 7,4 скока, 2,3 асистенции, 0,7 блокади и 0,7 отстранети топки.

Тој беше силна желба на Атланта Хокс.

Тагови