Гофан со втор трофеј за две недели
Објавено на 09/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Белгиецот Давид Гофен го освои турнирот по тенис во јапонската престолнина Токио со награден фонд од 1,7 милиони долари и се врати во топ 10 на светската АТП листа. Гофен го победи французинот Адријан Манарино со 6:3, 7:5 во второто последователен финале во јапонската престолнина.

26-годишниот белгиец стигна до четвртиот трофеј во кариерата. Гофен е во серија од девет последователни победи, откако минатата недела триумфираше и во трката во кинескиот град Шанжан.

Манарино пак за прв пат стигна до натпревар за титулата во турнир од сериите “АТП 500”, но остана без трофеј и по четвртото финале во кариерата.

Тагови