Ѓоковиќ откри кој се најубавите и најлошите моменти во неговата кариера
Објавено на 01/11/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ по 122 недели на чело на листата на АТП, во понеделник ќе му ја предаде на Енди Мареј! Така одлучи турнирот во Париз, каде што србинот вчера беше елиминиран во четвртфиналето, а Мареј без борба обезбеди место во финалето, откако Милош Раониќ поради повреда го предаде мечот!

Србинот објави што сака да прави по завршувањето на кариерата, а освен тоа истакна кои се најубавите и најлошите негови моменти на теренот.

“Посакувам да бидам запаметен како добар човек. Како некој кој го користел успехот и достигнувањата во сопствената сфера, за да им помага на другите. Триумфот на” Дејвис купот “во 2010 година, како и победите на” Вимблдон “во 2011-та и 2014-та. Освојувањето на Австралија Опен против Рафа Надал во 2012 година – најдолгото финале во турнир од гренд слем, тоа се најубавите моменти во мојата кариера. Најлош ми беше моментот во 1/4-финалето на” Ролан Гарoс “во 2010-та, кога изгубив против Јирген Мелцер. Ова беше прв случај во мојата кариера, во кој имав сериозно сомневање и страв дали да продолжам да играм тенис . Мислам дека ова е пресвртница во мојата кариера”, откри Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ има 12 титули од гренд-слем турнирите.

Тагови