Голден стејт и Хјустон се пласираа во финалето на Западната конференција
Објавено на 09/05/2018 | Slider, КОШАРКА

Двата најдобри тима во Западната конференција ќе играат во финалето на Западот, откако двата тима стигнаа до финалето со резултат од 4-1 во сериите против Њу Орлеанс односно против Јута Џез.

Хјустон стигна до четвртиот триумф во серијата против Јута, откако синоќа по голема битка во текот на целиот натпревар, на крајот ја добија последната четвртина со 37-24 и славеа со конечни 112-102.

Најдобар во победничкиот состав беше Крис Пол со извонредни 41 поени, 10 асистенции и 7 скокови, помогнат од Такер кој постигна 19 поени и Харден кој беше стрелец на 18 поени.

Кај поразениот тим, најдобар беше нивниот најдобар играч сезонава, Донован Мичел кој постигна 24 поени. Но, освен Мичел, целосно потрфрлија неговите соиграчи, па поразот и елиминацијата од Хјустон беше неибежна.

Во вториот дуел кој се одигра синоќа шампионот Голден стејт дојде до четвртиот триумф против Њу Орлеанс со резултат од 113-104. Натпреварот беше решен уште во третиот период кој домаќините го добија со убедливи 36-19 стигнувајќи до предност од огромни 25 поени разлика. Во преостанатиот период Стив Кер одлучи да ги поштеди најдобрите свои играчи па гостите стигнаа до прифатлив пораз.

Најефикасен во победничкиот тим беше Стеф Кари со 28 поени, Кевин Дурант постигна 24 поени, Клеј Томпсон дополни со 23 поени, а Дрејмонд Грин заврши со 19 поени, 14 скока и 9 асистенции.

Кај поразениот тим најдобар играч беше нивниот најдобар играч Ентони Дејвис со 34 поени и 19 скокови, потпомогнат од Холидеј кој постигна трипл дабл од 27 поени, 11 асистенции и 10 скокови, но и тоа не беше доволно да се избегне елиминација од најголемиот кандидат за титулата во НБА лигата сезонава.

Хјустон  и Голден стејт својот прв натпревар во финалето на Западот ќе го одиграат во вторник наутро (15.05).

Тагови