Голема сензација на ВТА турнирот во Луксембург
Објавено на 22/10/2016 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Романката Моника Никулеску го освои турнирот во тенис на тврда подлога во Луксембург со награден фонд од 250 илјади долари. Никулеску направи сензација во финалето и ја победи лидерката во шемата Петра Квитова од Чешка со 6:4, 6:0 за 68 минути.

Романката мина во полуфиналето, откако големата фаворитка Каролина Возниацки се повреди и мораше да се откаже, а во полуфиналето ја ина холанѓанката Кики Бертенс.

Така 51-та во светот во моментов Никулеску ја заслужи третата титула во сингл во кариерата и прва од септември 2014 година во Гванжу.

Тагови