Гонзалес го објави конечниот список на ракометари за најважните дуели во квалификациите за ЕП
Објавено на 08/06/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзлаез го објави конечниот список од 28 ракометари за последните два квалификациски натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП 2018 во Хрватска.

Последните два натпревари од квалификациите за ЕП ќе бидат клучни за конечната разврска во квалификациската група, во која сите четири репрезентации – Македонија, Чешка, Исланд и Украина, имаат по 4 бода.

Еве го и списокот:

Голмани: Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Никола Митревски (Бенфика), Златко Даскаловски (Универзитатеа).

Крила: Дејан Манасков (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Мартин Поповски (Вардар Јуниор).

Бекови: Филип Лазаров (Универзитатеа), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талевски (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Велко Маркоски (Загреб), Филип Миркуловски (Вецлар), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург).

Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Марковски (Орошази), Жарко Пешевски (Металург).

 

Натпреварот против Украина е на гостински терен, на 15-ти јуни во 19:00 часот, додека последната средба од квалификациите против Чешка е во ВИП Арената „Борис Трајковски“ на 18-ти јуни во 20:45 часот.

Тагови