Гонзалес го објави списокот за двата последни натпревари во квалификациите за ЕП
Објавено на 05/06/2017 | Slider, МАКЕДОНСКИ СПОРТ, РАКОМЕТ

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзлаез го објави поширокиот список од 28 ракометари за последните два квалификациски натпревари против Украина и Чешка за пласман на ЕП 2018 во Хрватска.

Последните два натпревари од квалификациите за ЕП ќе бидат клучни за конечната разврска во квалификациската група, во која сите четири репрезентации – Македонија, Чешка, Исланд и Украина, имаат по 4 бода.

Еве го ис списокот:

Голмани: Борко Ристовски (Барселона), Мартин Томовски (Металург), Даниел Ѓорѓески (Вардар Јуниор), Никола Митревски (Бенфика), Златко Даскаловски (Универзитатеа).

Крила: Дејан Манасков (Рајн Некар), Гоце Ојлески (Одорхеи), Гоце Георгиевски (Букурешт), Никола Костески (Металург), Мартин Поповски (Вардар Јуниор), Владо Недановски (Вардар Јуниор).

Бекови: Филип Лазаров (Универзитатеа), Аце Јоновски (Бергишер), Кирил Лазаров (Барселона), Влатко Митков (Кремс), Филип Талевски (Рајн Некар), Филип Кузмановски (Металург), Велко Маркоски (Загреб), Филип Миркуловски (Вецлар), Марко Нелоски (Металург), Мартин Велковски (Металург), Горан Крстевски (Еурофарм Работник), Дарко Димитревски (Борец), Стефан Дрогриши (Металург).

Пикери: Стојанче Стоилов (Вардар), Никола Марковски (Орошази), Жарко Пешевски (Металург), Константин Петров (Металург).

Натпреварот против Украина е на гостински терен, на 15-ти јуни во 19:00 часот, додека последната средба од квалификациите против Чешка е во ВИП Арената „Борис Трајковски“ на 18-ти јуни во 20:45 часот.

Тагови