Гуско и Репкин по втор пат ќе ни судат

21/01/2018 » РАКОМЕТ

Белоруската судијска двојка Андреј Гуско и Сиархеј Репкин по втор пат ќе ни судат на ЕП во ракомет. Вечерва во Вараждин на натпреварот против Шпанија оваа судијска двојка ќе ја дели правдата исто како и на натпреварот од групната фаза против Германија кога одигравме нерешено 25-25.

Натпреварот против Шпанија се игра вечерва со почеток од 20:30, а со победа над фаворизираната Шпанија ќе направиме голем чекор за пласман на полуфиналето и борба за медал.

Tags