Халеп нова број 1 во светот
Објавено на 08/10/2017 | МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ, ОСТАНАТО, ТЕНИС

Симона Халеп го обезбеди своето прво место на светската ранг листа ВТА по одличните настапи на турнирот во Пекинг. Романката ја симна Гарбин Мугуруса од врвот и за првпат ќе биде број еден во светот на ВТА.

Халеп ја победи со 6:2, 6:4 во полуфиналето Јелена Остапенко од Латвија и се квалификуваше за финалето од силниот тениски турнир во Пекинг со награден фонд од 7 милиони долари.

 

Тагови