Хамилтон ја освои и Јапонија, нов шок за Фетел
Објавено на 08/10/2017 | Slider, АВТО МОТО, МЕЃУНАРОДЕН СПОРТ

Ѕвездата на Мерцедес Луис Хамилтон ја освои Гран При на Јапонија, по кошмарот за неговиот главен конкурент за титулата Себастијан Фетел. Германскиот пилот на Ферари отпадна по оштетување на моторот и така од Скудерија повторно направија голем дар на своите ривали од Мерцедес. Предноста на табелата кај пилотите на Луис веќе е 59 бода пред Себастијан, на четири старта до финишот.

На пиедесталот се качија и двајцата пилоти на Ред Бул Макс Верстапен и Даниел Рикиардо. Четврти беше другиот пилот на Мерцедес Валтер Ботас, а петти Кими Раиконен од Ферари. Следуваа двајцата пилоти на Форс Индија – Себастијан Окон и Серхио Перес, па двајцата пилоти на Хаас – Кевин Магнусен и Роман Грожан, а во топ 10 се најде и пилотот на Вилијамс Фелипе Маса. Додека Фернандо Алонсо од Мекларен не дојде до поени.

Тагови